30.6 C
Los Angeles
August 18, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Ван де Бек ги спаси Холанѓаните, Италија и Португалија сигурно со лесни противници

Дони ван де Бек можеби не е стартер за Манчестер јунајтед, но очигледно е многу ценет во Холандија, откако ги спаси „оранје“ од пораз во пријателскиот меч со Шпанија (1:1). Португалија ја „прегази“ Андора со 5:0, Италија со 3:0 ја победи Естонија, додека Германија со минимални 1:0 ја совлада Чешка.

Шпанците во Амстердам стигнаа до рано водство, откако Алваро Мората му асистираше на Серхио Каналес во 19. минута за водство на „фуријата“. Ван де Бек, кој беше стартер во 47. минута ја искористи лошата реакција на одбраната на гостите за да израмни.

Во Лајпциг пак, Германија со голот на Џанлука Валдшмит стигна до 1:0 победа над Чешка, а Италијанците со 3:0 го совладаа аутсајдерот Естонија со два гола на Винченцо Грифо и прекрасен удар на Федерико Бернардески. Португалија исто така имаше лесна задача со Андора, совладувајќи ја со 6:0, во меч во кој Кристијано Роналдо одигра едно полувреме и постигна еден гол.

Белгија во интересен меч се врати од раната негатива за со двата гола на Мичи Батшуаи да стигне до 2:1 победа над Швајцарија.

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ

Данска – Шведска 2:0

Луксембург – Австрија 0:3

Белгија – Швајцарија 2:1

Италија – Естонија 4:0

Холандија – Шпанија 1:1

Германија – Чешка 1:0

Полска – Украина 2:0

Португалија – Андора 7:0

Словенија – Азербејџан 0:0

ХОЛАНДИЈА – ШПАНИЈА

Related posts

Европска комисија одобри купување на 300 милиони дози вакцина

admin

Расте бројот на пациенти со Ковид-19 во болница, ќе издржи ли здравствениот систем?

admin

САД со охрабрување билатералните прашања да се решаваат надвор од евроинтеративниот процес

admin