24.3 C
Los Angeles
August 10, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

БиХ: Уапсени шест лица осомничени за криумчарење на мигранти

Обвинителството на Босна и Херцеговина (БиХ) соопшти денес дека се уапсени шест лица, осомничени дека како членови на група за оргнизиран криминал префрлувале илегални мигранти од Србија во БиХ и понатаму кон земјите на Европската унија (ЕУ).

Со координирана акција на Обвинителството на БиХ и Државната агенција за истраги и заштита (СИПА), лишени се од слобода осомничени за организирано криумчарење на мигрантите преку границата на реката Дрина, подолг временски период.

Постапувајќи по налог на обвинител од Посебен оддел за организиран криминал, стопански криминал и корупција на Обвинителството на БиХ, полициските службеници на СИПА, во соработка со полициските службеници на МВР на Република Српска, на подрачјето на Зворник извршиле претрес и лишиле од слобода шест осомничени лица.

Уапсените се товарат дека делувајќи со за нив познати лица од подрачјето на Србија, учествувале во планирање, организирање и реализирање на криумчрарење на илегални мигранти од територијата на Србија на територијата на Босна и Херцеговина, преку водената граница на реката Дрина.

Откако ќе бидат испрашани осомничените лица, обвинител во постапка ќе одлучува за понатамошните активности во овој предмет. Споведените активности се дел од стратешките мерки кои ги преземаат во БиХ, во борба против организираните илегални миграции.

Related posts

Лавров: Ниту една турска мировна мисија нема да биде испратена во Нагорно-Карабах

admin

Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

admin

Шефот на руската дипломатија Лавров во БиХ

admin