30 C
Los Angeles
August 8, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

„Битлси“ инкасирале над 90 милиони долари минатата година

Децении по нивното распаѓање, „Битлси“ сè уште заработуваат мега-кеш. Компанијата формирана од преживеаните членови на легендарниот бенд остварила приход од над 50 милиони фунти (90 милиони УСД) минатата година, пренесува британски „Дејли мирор“.

Годишните банкарски сметки на „Епл Корпс лимитид“ покажаа промет од 50.244.899 фунти за 12 месеци завршно со јануари, што е еквивалентно на 137.657 фунти (ГБП) на ден, и покрај тоа што легендарната група тргна по одделни патишта пред повеќе од 50 години.

Според весникот „Дејли мирор“, преживеаните членови Сер Пол Макартни и Сер Ринго Стар, заедно со вдовицата на Џон Ленон, Јоко Оно и вдовицата на Џорџ Харисон, Оливија, добиле по 6,1 милиони фунти, секој.

Во оваа сума влегуваат 1.417.000 фунти како дивиденда и 4.719.500 фунти во врска со обезбедување промотивни услуги и права на име.

Бројките на „Епл Корпс“ исто така покажаа дека тие оствариле добивка пред оданочување од 8.606.191 фунти.

Related posts

Јурова: Одблиску ја следиме ситуацијата со словенечката новинска агенција СТА

admin

„Њујорк Тајмс“: Минатата недела Трамп беше разубеден од идејата да го нападне Иран

admin

(Видео) За неполни две години Антикорупциската комисија постапила по вкупно 713 предмети

admin