29.4 C
Los Angeles
August 10, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Бесими: За капитални проекти 3,1 милијада евра во наредните четири години

Согласно Планот за јавни инвестиции којшто е дел од среднорочната рамка на буџетот за следната година што беше презентиран денеска, во периодот од 2021 до 2025 година година се планираат капитални проекти во вкупен износ од 3,1 милијарди евра.

Од тој износ со буџетски средства би се финансирале 1,16 милијарди евра, од донации (преку ИПА фондови) 112,8 милиони евра, а со средства од меѓународни финансиски институции/билатерални кредитори капиталните инвестиции би се финансирале со износ од 1,84 милијари евра, информира министерот за финансии на прес-конференција на која беше претставен Предлог буџетот за следната година.

Планот за јавни инвестици ќе се следи и координира од националниот инвестициски совет, со кој ќе раководи премиерот и ќе учествуваат ресорните министри, а ќе претставува надополнување на постојниот инвестициски совет што гоима Владата со ЕУ.

Тоа, појасни Бесими, ќе биде во насока на обезбедување одржлив и инклузивен раст, согласно приоритетите од Програмата на Владата во периодот од 2021 до 2025 година и ќе се фокусира во координација на имплементацијата на капиталните инфраструктурни проекти во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, заштитата на животната средина.

Related posts

German industrial orders disappoint as euro zone slows

admin

Sabah seeking to review lockdown measures after hundreds protest in Lahad Datu

admin

Austria acknowledges security failings over Vienna terror killings

admin