30 C
Los Angeles
August 8, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Белгија протера петмина Данци заради планови за палење на Куранот

Белгија протера на една година петмина дански крајно десничарски активисти поради нивните планови за палење на Куранот во муслиманскиот дел од Брисел.

Државниот секретар за азил, Сами Махди, ова го нарече „сериозна закана за јавниот ред“, пренесува Би-Би-Си.

Според нивната страница на Фејсбук, петмината биле соработници на данскиот крајно десничарски политичар Расмус Палудан.

Палудан во средата беше протеран од Франција откако на 30 октомври на Фејсбук напиша дека му соопштил на францускиот конзулат во Копенхаген дека на 11 ноември ќе го запали Куранот пред Триумфалната капија во Париз.

Во изјавата не се споменува Палудан, но се вели дека „неодамна беше уапсен друг маж во Франција од истата причина“.

Приврзаниците на Палудан во август во јужниот шведски град Малме, исто така, го запалија Куранот, предизвикувајќи насилни протести и судири со полицијата.

Related posts

Калфин: Противниците на проширувањето ја користат Бугарија

admin

Џерард Батлер се враќа како Мајк Бенинг во „Ноќта падна“

admin

СДСМ: Ветото од Бугарија е грешка која нема да не обесхрабри

admin