30 C
Los Angeles
August 8, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Бектеши најавува грантови за туристички агенции, за ресторани за свадби и игротеки

Започнува реализација на шест мерки во рамки на Министерството за економија од четвртиот пакет економски мерки на Владата за ревитализација и рестарт на економијата во услови на Ковид-19, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил.

-Со одлука на Владата, Министерството за економија ќе префрли 60 милиони денари, односно еден милион евра на посебна наменска сметка на Развојна банка на Северна Македонија со што ќе се овозможи почеток на реализацијата на бескаматна кредитна линија за микро и мали средни претпријатија од четвртиот сет економски мерки на Владата за справување со последиците од Ковид-19,напиша Бектеши.

Оваа кредитна линија, посочи, ќе биде лансирана со грант средства од Европската Унија преку Развојната банка во рамките на сетот мерки за ревитализација и рестарт на економијата во услови на Ковид-19.

-На денешната седница на Владата беа усвоени и две Програми во рамки на Министерството за економија за поддршка на туризмот од четвртиот сет мерки. Со овие две програми почнува реализација на пет мерки во надлежност на Министерството за економија за поддршка на туристичкиот сектор.Се работи за мерките: -Враќање на уплатена такса за привремен престој за 2019 година на сите категоризирани угостителски објекти -Грантови за лиценцирани туристички агенции -Грантови за лиценцирани туристички водичи -Грантови за ресторани за свадба -Грантови за игротеки, посочи Бектеши

Вкупната вредност на двете Програми за поддршка на туризмот изнесува 459.650.000 денари.

-По објавувањето на програмите во Службен весник, Министерството за економија ќе објави јавни повици на кој ќе може да аплицираат сите физички и правни лица, прецизира Бектеши.

Related posts

Nagorno-Karabakh: Declaration by the High Representative on behalf of the European Union

admin

Европска комисија одобри купување на 300 милиони дози вакцина

admin

England squad announced: Phil Foden back but no place for Manchester United’s Mason Greenwood

admin