20.7 C
Los Angeles
August 15, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

(Аудио) Жена бара хонорар од Џејмс Блант, тврди дека неговиот најголем хит е напишан за неа

Британскиот пејач-текстописец Џејмс Блант откри дека има демначка која е убедена дека неговиот хит сингл You’re Beautiful е напишан за неа – и таа сака авторски права.

46-годишниот музичар ја објави својата позната песна во 2004 година, и рече дека некоја жена во САД е категорична дека ја напишал песната откако ја видел во метрото во 1984 година. Ова тврдење е доста чудно бидејќи тој тогаш имал само 10 години, и никогаш не бил во САД до 2002 година.

Во интервју за „Сан“, Џејмс вели жената бара авторски права од песната, па дури и му испратила документ од 50 страници во кој го обвинува дека ја демне, иако тој инсистира дека е обратно.

„Беше прилично застрашувачки. Морав да истакнам дека не бев во метрото во 1984 година, кога таа тврдеше дека ме видела.“

„А, причината што можев да докажам дека таа не е жената во песната беше дека во 1984 година имав десет години, а првпат го посетив САД во 2002 година. Така, сето тоа беше малку чудно,“ рече Британецот во интервјуто за „Сан“.

Related posts

Бред Пит во лежерно издание по малата победа во битката за старателство

admin

Пенал хет-трикот на Солер не е рекорден во Ла Лига

admin

САД му продаваат оружје на Тајван

admin