30.6 C
Los Angeles
August 18, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Англија од денес под целосен карантин

Од денес во Англија е во сила целосен карантин. До почетокот на декември, Британците ќе можат да ги напуштат своите домови само за на работа ако не можат да работат од дома, да купат основни потреби, да вежбаат и ако мораат да одат во болница.

Училиштата, колеџите и универзитетите остануваат отворени. Пабовите, рестораните и баровите ќе вршат само достава. Карантинот стапи на сила откако синоќа пратениците убедливо ги поддржаа плановите на премиерот Борис Џонсон.

Очекуваното “востание” во парламентот не се случи, бидејќи со 516 гласа „за“ наспроти 38 „против“ или мнозинство од 478 гласови, пратениците ја поддржаа владата. Повеќето од оние кои гласаа против се од конзервативната партија, кои сметаат дека карантинот е штетен на економијата и дека е бесмислен затоа што не функционира.

Непосредно пред вчерашното гласање излезе официјалната статистика за заразените и жртвите, според која за 24 часа се пријавени 25.177 заразени лица, но бројот на жртви: 495, е најголем од мај.

Претходно, премиерот Борис Џонсон, во обид да ги смири критичарите на мерките, вети дека нема да има продолжување на карантинот по 2 декември, кога треба да истече. Тој, исто така, ги увери деловните лидери на тековната конференција на Конфедерацијата на британската индустрија дека ќе стори сé што е потребно за да се опорави од пандемијата.

Related posts

Ердоган: За Нова година Турција пет дена во комплетен карантин

admin

Папата обезбеди бесплатни тестови за ковид-19 за бездомниците од Рим

admin

Палмер: Евро-атлантските интеграции значат подобра иднина за БиХ

admin