28.5 C
Los Angeles
August 9, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Ангела Меркел доби забрана за влез во ресторан поради коронавирусот

Култниот ресторан „Штендиге фартретунг“ (Постојано претставништво), во Берлин, ѝ забрани влез на германската канцеларка Ангела Меркел, но и на министерот за финансии Олаф Шолц и други водечки политичари, поради мерките за привремено затворање на сите ресторани.

Забраните стапија во сила вчера. Сопствениците на ресторанот – Јорн Питер Бринкман и Јан Филип Бубингер го објавија ова во видеопорака на Фејсбук. Тие ги сметаат германските политичари, предводени од Меркел, одговорни за воведувањето „престроги мерки“ за спречување на ширењето на коронавирусот.

Сопствениците на други угостителски објекти исто така се револтирани од воведувањето карантин во Германија, со што се забранува работење на угостителските објекти. Притоа, тие се повикуваат на резултатите од истражувањето на институтот „Роберт Кох“, според коешто шансите за заразата во слични угостителски објекти не надминуваат три отсто. Според нив, владата не била добро подготвена за вториот бран на епидемијата на коронавирусот.

Владата не ги презела соодветните чекори и се очекуваше лекарите на крајот да работат на граница на издржливост, како што велат Бринкман и Бубингер. Последната порака кон Ангела Меркел и другите политичари, гласи – „да не се надеваат веќе на свинско колено“ од нивната кујна.

Related posts

Мал пад на бројот на новозаразени во Кина, повеќето увезени

admin

Земјите од ЕУ на здравствена заштита во просек трошат 9,9 проценти од БДП, ние 4,5

admin

Во 2011 Суарез беше казнет 8 меча за „negrito“, сега Јунајтед велат дека тоа е „невин“ збор

admin