20.7 C
Los Angeles
August 15, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Амбасадорот на Израел во Тирана: Ќе го признаеме Косово

Израелскиот амбасадор во Албанија Ноах Гал Гентлер изјави дека неговата земја ќе го признае Косово во рок од неколку недели, пренесува Зери.

„Почнаа преговорите меѓу Израел и Косово, но исто така меѓу Израел и Србија. Ќе бидат потребни уште неколку недели да се постигне договорот и ќе следи отворање на амбасади на Косово и Србија во Ерусалим“, кажа Гантлер во емисијата ТВ Скан, пренесува приштински Зери.

На прашањето зошто е толку важно Израел да го признае Косово, тој кажа: „Тоа е прашање кое бара одговор од народот на Косово, но имаме симпатии кон албанскиот народ“.

„Мораме да се потрудиме да му помогнеме на вашиот народ. Ние тоа го правевме и без признавање во минатото, но со признавањето ќе биде полесно“, кажа Гентлер.

Додаде дека верува дека можат да се изградат мостови во економијата, образованието и културата.

Related posts

Навивачите му ја запалија влезната врата на капитенот на Фоџа

admin

Молк за новата масовна гробница во Србија

admin

Novelty purses, pocketbooks, handbags are fashion trend

admin