30.9 C
Los Angeles
August 9, 2022
DailyNews – MK
Uncategorized

Австрија го продолжи полицискиот час за 10 дена

Австрискиот парламент го продолжи затворањето на земјата за уште десет дена, со полициски час од 20 часот до 6 часот наутро.

Со гласовите на владејачките партии – Народната партија на Австрија (ОВП), Зелените – како и Социјалдемократската партија (СПО), парламентот го прифати предлогот на министерот за здравство, Рудолф Аншобер.

Продолжувањето, како што е наведено во соопштението, било потребно затоа што Законот за пандемија дозволува ограничување на слободата на само десет дена.

Второто затворање на Австрија, кое се применува од почетокот на овој месец, засега не го запре драматичниот раст на новоинфицираните лица, затоа, како што нагласи министерот, потребно е продолжување.

СПО, како единствена опозициска партија, гласаше за продолжување, но побара во иднина да бидат дадени податоци за ефективноста на мерките.

Другите опозициски партии сметаат дека затворањето ги крши основните човекови права.

Во спротивно, австриската влада, како што е најавено, утре ќе ја разгледа ефективноста на досегашните мерки, па се очекува затворањето да биде построго.

Related posts

Во Албанија 14 жртви и 873 новозаразени од Ковид-19

admin

Озил во Фенербахче?

admin

Добрила Кацарска e избрана за судија на Уставниот суд

admin